Вовед

Дизајн како процес може да преземе многу форми во зависност од предметот што се дизајнира и индивидуалецот или индивидуалците што учествуваат. Во контекстот на применета уметност, инженерство, архитектура и други креативни дејности, дизајн е и именка и глагол.
Дизајн во неговиот глаголски контекст е процес на создавање и развивање на план за естетски и функционален предмет, за што е потребно соодветно истражување, размислување, моделирање, прилагодување и ре-дизајн.
Како именка, дизајн се користи и како финален план за дејство (цртеж, модел или друг опис), или резултат на следење на тој план за дејство.
Зборот дизајн потекнува од латинските зборови de и signare.

Според Радомир Вуковиќ (основач на КвадАрт): „Дизајнот се разликува од уметноста затоа што уметникот за своето дело одговара само на себе, а дизајнерот на себе и на нарачителот.“

Comments

Popular posts from this blog

Основни елементи и принципи на дизајн

Архитектура