Основни елементи и принципи на дизајн

Основни елементи и принципи на дизајн


Секогаш има многу што да се научи, да се направи и земе во предвид кога сте почетник – да не го споменувам фактот дека технологијата постојано се развива, и дека се појавуваат нови софтвери и нови трендови со брзината на светлината. Да бидеме искрени, дизајнот знае да биде навистина проблематичен.
Ќе разгледаме 10 принципи на дизајн преку неколку примери од врвни дизајнери.
ЛИНИЈА

Линиите помагаат да се подобри, насочи и креира движење.
Линијата математички кажано, може да ја дефинираме како збир на точки во некоја рамнина. Таа претставува црта или потег, повлечени на некоја површина со помош на молив, јаглен, четка, перо и сл. Исто така таа се дефинира и како продолжено движење на една точка.
Иако се мисли дека постојат голем број на линии, во основа постојат само два вида: прави и криви. Други видови на линии нема.













Дизајн е применета уметност која што настанува со процесот на носење на серии одлуки кои имаат за цел конструкција, обликување или креирање на нешто што може да се примени.
Дизајнот обично се одвива по однапред одреден план, идеја или замисла. Целта на дизајнот е реализација на планот или идеите кои можат да бидат што може да биде предизвикано од потребата да се реши одреден проблем. Заради тоа процесот на дизајн често се дефинира и како процес на решавање на проблеми.
Личноста која што се занимава со дизајн се нарекува дизајнер.
Дизајнот е тешка работа. Полн е со принципи, трикови и техники, дел од кои може да ги научите од други, а дел од кои ќе мора да ги научите самите.

Секое правило земете го со доза на скептицизам и употребувајте го кога мислите дека е соодветно. Секогаш кога мислите дека правилото не одговара, не го употребувајте. Дизајнот е поле кое постојано еволуира и се менува, а секоја ситуација е различна, уникатна и возбудлива.










 

















































Comments

Popular posts from this blog

Архитектура

Вовед