Архитектура
Архитектура може да ја претставува:
·
Уметноста и науката за проектирање и издигнување на градби и други
материјални објекти.
·
Вештината на архитектот, при што, архитектура значи да се
понудат или да се дадат професионални услуги во врска со проектирање и изградба
на една или повеќе згради, опфаќајќи го и просторот околку зградите, кој ќе
биде користен од страна на луѓето.
·
Општо термин со кој се опушуваат згради и други структури.
·
Стилот и начинот на проектирање и изградба на згради и други
материјални објекти.
Поопширна дефиниција може да ги опфати
сите проектирачки активности, од најниско ( урбанистички проект, пејсажна
архитектура) до највисоко ниво (детали во врска со изградбата и мебел).
Архитектурата е и процесот и производот од планирањето, проектирањето и
изградбата на формата, просторот и амбиентот, кои се одраз на функционални,
технички, социјални и естетски сфаќања. Таа бара креативна манипулација и
координација на материјали, технологија, светло и сенка. Архитектурата, исто
така, ги опфаќа прагматичните аспекти за реализирање на зградите и структурите,
вклучувајќи распоред, пресметување на цена и управување со изградбата.
Архитектурата ја дефинира структурата и/или држењето на една зграда или друг
вид на систем, кој треба да биде или е веќе изграден.
Често, архитектонските дела се сметаат
за културни и политички симболи,како и за уметнички дела. Историските
цивилизации, често, се идентификуваат со нивните постоечки архитектонски
достигнувања.
Понекогаш, архитектурата се однесува на
активноста на проектирање на каков било систем . Овој термин често се користи
во светот на информатичката технологија.
Архитектура на Македонија
Под поимот Aрхитектура на Македонија се
подразбира архитектурата која содржи секакви градби и споменици од културно,
историско и религиозно наследство на денешната територија на Република
Македонија.
Повеќе
групи на луѓе кои престојувале или владееле со Македонија, оставиле свое
влијание и траги во многу нешта; еден од најзначајните е, секако,
архитектурата.
Comments
Post a Comment