Основни елементи и принципи на дизајн

Основни елементи и принципи на дизајн Секогаш има многу што да се научи, да се направи и земе во предвид кога сте почетник – да не го споменувам фактот дека технологијата постојано се развива, и дека се појавуваат нови софтвери и нови трендови со брзината на светлината. Да бидеме искрени, дизајнот знае да биде навистина проблематичен. Ќе разгледаме 10 принципи на дизајн преку неколку примери од врвни дизајнери. ЛИНИЈА Линиите помагаат да се подобри, насочи и креира движење. Линијата математички кажано, може да ја дефинираме како збир на точки во некоја рамнина. Таа претставува црта или потег, повлечени на некоја површина со помош на молив, јаглен, четка, перо и сл. Исто така таа се дефинира и како продолжено движење на една точка. Иако се мисли дека постојат голем број на линии, во основа постојат само два вида: прави и криви . Други видови на линии нема. Дизајн е применета уметност која што настанува со процесот на носење на сер...