Дисциплини на дизајн
Веб дизајн
Веб дизајн е процес на концептирање,
планирање, моделирање, и извршување на електронски медиjа записи, кои се
пренесуваат преку интернет во форма на технологиите кои одговараат за
интерпретација и приказ на компјутер, преку интернет пребарувач или друг
веб-базиран графички кориснички интерфејс.
Целта на веб дизајнот е креирање на веб
сајт (колекција на електронски документи, кои се наоѓаат на еден или повеќе веб
сервери) кој презентира разни содржини (вклучувајќи интерактивни алатки или
услуги) кои крајниот корисник ги прегледува во форма на веб сајт.
Веб дизајнот нa страната треба да ги
задоволува барањата гледано од технолошки аспект, но исто така сајтот треба да
є доволно атрактивен за да привлече што повеќе корисници, посебно од таргет
корисниците за кои е наменет. Конкретно, за веб дизајнирањето како професија,
односно модерна технологија со чие имплементирање се очекуваат поголеми бизнис
ефекти, постојат одредени предуслови кои треба да се почитуваат од страна на
лугето кои се инволвирани во процесот на дизајнирање, доколку истото сакаат да
го изработат на професионално.
Графички дизајн
Графичкиот дизајн (графичко уредување) е
процес на визуелно општење со користење на текст и/или фотографии односно
илустрации за да се престави информацијата или пак да се истакне некоја порака.
Графички дизајн е применета уметност.
Како дисциплина дизајнот се занимавасо изработка на печатени решенија. Во овие
решенија спаѓа: новини, книги, списанија, билборди, визит карти, брошури,
каталози и слично. Поновите дефиниции за графички дизајн вклучуваат и графички
продукции кои се прилагодени во електронски медиуми, како интернетот или
телевизијата и други медиуми.
Индустриски дизајн
Индустриски дизајн има двојна примена.
Тој служи за да ја задоволи потребата од убаво и корисно. По својата суштина и
по својот облик, со кој и се презентира на јавноста, тој се наоѓа на половина
пат, меѓу пронајдокот и „чистата“ уметност. Правната заштита на индустрискиот
дизајн е некаде на средината меѓу пронаоѓачкото и авторското право.
Индустриската сопственост е заинтересирана за страната на овие творби, што има
карактер на утилатералност — за нивната индустриска применливост. Авторското
право, пак, е заинтересирано за нивната друга страна — за уметничката. Правната
заштита на индустрискиот дизајн се состои во заштита на дистинктивните елементи
на кои се должи успехот на пазарот. Правната заштита на индустрискиот дизајн
покрај другото, го интензивира инвестирањето во ресурсите кој го негува, го
форсира дизајнот, како елемент на производството. Заштитата на индустрискиот
дизајн, во одделни земји, е решена на различни начини.
Моден дизајн
Моден дизајн е применета уметност на
дизајн и естетика или природна убавина на облеката и модните додатоци. Модниот
дизајн е под влијание на културата и општествевиот однос и бил разновиден во
однос на времето и местото. Модните креатори работат на многу начини при
дизајнирањето на облека и модни додатоци. Некои работат сами, а некои како дел
од тим. Модните креатори се обидуваат да ги задоволат желбите на потрошувачите
за естетското дизајнирање на облеката, па поради потребното време да ја донесат
облеката на пазарот, понекогаш од потрошувачите може да се очекува да го сменат
вкусот за облека. Всушност, некои модни дизајнери имаат углед кој им овозмозува
да воведуваат нови модни трендови.
Модните креатори се обидуваат да
дизајнираат облека која е едноставна и естетски привлечна. Мора да имаат
предвид кој ќе ја носи облеката и пригодата во која ќе се носи таа облеқа.
Модните креатори имаат широк избор икомбинации на матерјали] со кои работат и
широк избор на бои,модели и стилови.
Сепак, дел од секојдневната облека нема
голем избор на вообичаени стилови. Обично се бара несекојдневна облека за
специјални пригоди како, на пример вечерна облека или облека за забави. Дел од
облеката се прави специјално за одредени личности како што е случај со високата
мода или конфекциската облека. Денес, голем дел од облеката е креирана за
масовниот пазар, особено неформалната и секојдневната облека.
Внатрешно уредување
Внатрешно уредување дел од архитектурата
и декоративната уметност кој се занимава со исцртување и обликување на
внатрешноста на градбите сосе покуќнината.
Comments
Post a Comment